Достапни линкови

Македонија има потенцијал за развој на пештерскиот туризам


Пештерите и пропастите во Македонија можат да и остварат значаен приход на државава,доколку се вложи во туризмот за нивна посета, велат од спелеолошкото истражувачко друштво „Урсуз Спелеоз“

„Развиените земји остваруваат значаен приход од турзмот во пештерите. Секако дека Македонија треба да го согледа нивниот пример и да се стреми да работи на тоа поле,“

објаснува Билјана Ѓичевски секретар на истражувачкото друштво.

Таа исто така вели дека кај нас постојат голем дел на неистражени пештери за кои постои голема заинтересираност од страна на странските спелеолози за нивно проучување.

„Голем број на неистражени пештери кои делумно се истражени, светските спелеолози се заинтересирани за истражување, а воедно и да остават значаен девизен приход за самата федерација и државата.“

Ѓичевски исто така посочува дека државата досега нема ништо превземено за да се развие ова гранка и дека сеуште се нема направено обид да се соберат знаењата за сите досегашни истражени пештери во Македонија

„Нa хартија постојат некои записи, во поглед на тоа дека треба да бидат заштитени некои пештери и некои се заштитени со закон. Фондацијата е-Македонија ни овозможи да направиме електронска дата база, односно е-алатка во којашто може на едно место да се соберат сите податоци за пештерите.“

И од туристичките агенции велат дека доколку се вложи во туризмот за посета на пештерите како што тоа веке го имаат направено државите од соседството, Македонија може да првлече голем број на туристи.

„Кога беше екипата од Јаху во истражување на Македонија рекоа дека имаме одлични можности за таков туризам, но остануваме само да ни велат дека можеме, а ние ништо не преземаме понатаму. За да се работи комерцијално треба придонес да даде државата, да се реши инфраструктурата до нив и во нив. Тука не би можело сама туристичка организација или агенција,“

објаснува Филип Христовски, раководител на една агенција.
XS
SM
MD
LG