Достапни линкови

Загреб: Хрватската полиција покрена кривична пријава против Ѓорѓи Ѓоргески


Хрватската полиција покрена кривична пријава против Ѓорги Ѓоргески поради предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, соопшти денеска портпаролот на полициската управа на Бродско-посавската жупанија Ката Нујиќ. Како што јавија хравтските медиуми, почетокот на казнената постапка се очекува следната недела. Извештајот со наодите на судскиот вештак кои треба да го расветлат целиот случај на несреќата, според најновите информации, би требало да биде подготвен до крајот на неделата.
XS
SM
MD
LG