Достапни линкови

Заканите во овој период треба да се третираат уште посериозно, велат експертите


Сообраќајните табли и патокази во Дебарско деновиве осамнаа плакати со амблемот на таканаречената АНА и ликот на командантот Адем Јашари. Претходно истатата паравоена формација преку својата интернет страница соопшти дека има своја единица подготвена за дејствување во Македонија која е именувана токму по Јашари. Сторителите на ова дело за Министерството за внатрешни работи засега остануваат непознати:

„Веројатно некоја група испечатила на компјутер на листови хартија и потоа биле залепени на знаци. Така да засега немаме индиции кој го сторил тоа.“

вели портпаролот Иво Котевски. За поврзаноста на нелегалното оружје кое министерството го открива со структурите на АНА, Котевски додава сеуште работат на испитување на случаите:

„Изминатиов период на повеќе различни места, во повеќе наврати беа откриени поголеми количества на нелегално оружје, динамит итн. Кои што сега за сега неможеме да ги поврземе со постоењето на т.н.АНА.“

Експертите оценуваат дека појавите на паравоените формации и радикални групи ќе се зголемуваат со приближувањето на решавањето на статусот на Косово. Сепак според професорот на Институтот за одбрамбени и мировни студии Трајан Гоцевски сите одбрамбени структури во регинов вклучувајски ја и македонската полиција, ваквите појави мора да ги третираат сериозно:

„Во оваа фаза мислам дека треба да се третираат уште посериозно отколку што тие претставуваат, затоа што поради сензибилноста на времето периодот и односите кои што се создаваат на балканот сега сосема мал или некаков банален безбедносен ризик може да го ,,запали,, регионот и да ја наруши безбедноста.,,

Гоцевски смета дека до поголема дестабилизација на регинот не може да дојде поради тоа што мегународна зедница нема да го дозволи тоа. Формациите како АНА кои отворено се залагаат за обедунување на териториите на кои жиеват албанци засега според Гоцевски имаат мала подршка од населенито, но во иднина предупредува тој таа би можела да се зголеми:

„Одолговлекувањето на решавањето на статусот на Косово и одложувањето евентуално на приемот на Македонија, Албанија и Хрватска во НАТО даваат сигнал до радикалните сили кои што можеби чекаат некаква шанса на сметка на демократските сили кои што ги креираме подолг период, неколку децении со цел да се вклопиме во ЕУ.“
XS
SM
MD
LG