Достапни линкови

Членовите на организацијата со порака треба да се надмине празниот простор меѓу бизнисот и владата


Економскиот аспект на политичко безбедносната состојба во земјава тема на претставници на македонската политичка сцена со делегација од американската организација на Стопански раководители за национална безбедност. Делегацијата како што информира кабинетот на претседателот ја предводи директорот Чарлс Бојд. Станува збор за невладина организација чија цел е преку бизнис секторот да се одржи националната безбедност. Членовите на организацијата со порака, треба да се надмине празниот простор мегу бизнисот и владата, со тоа што приватниот сектор ке им помага на државните претставници со своите практични искуства во решавање на безбедносните предизвици. Мислењата на вакви организации секогаш стигнуваат до претставниците на американските претставници, вели Мишел Османли директор на Американската стопанска комора во Македонија која додава:

„БЕНС или организацијата на стопански раководители за национална безбедност е добар пример мислам на граѓанска иницијатива и иницијатива на приватниот сектор, на луѓе кои сакаат да соберат информации и да ја советуваат американската влада за различни прашања. Посетата на Македонија значи дека уште еден глас за Македонија ќе стигне до Вашингтон како дополнение на редовните извори и информации што ги испрака амбасадата на Соединетите држави. И сето тоа може да биде многу важно, бидејки американските претставници се секогаш отворени за таква соработка со овој сектор.“

Таа вели дека кога станува збор за економскиот аспект на политичко безбедносната ситуација во Македонија од големо значење е прво стабилноста, а потоа развојот на економијата:

„Овде во Македонија секако безбедноста е големо прашање не можете да почнете да разговарате за економски развој додека лугето не се обезбет дека е сигурно да се инвестира. Безбедноста на инвестициите е многу важна. Но ова не треба да значи дека на Македонија се гледа како на нестабилно место каде американците треба да внимаваат.“

Оттука како што информираат македонските претставници нивната посета е пред се со цел да се види каква е моменталната состојба.
XS
SM
MD
LG