Достапни линкови

logo-print

Уште еден популистички потег на владата


Граѓаните ги избираат политичарите токму за да им понудат решенија на многуте проблеми со кои се соочуваат, а не обратно политичарите на власт да бараат идеи од граѓаните, вака експертите го оценуваат последниот потег на владата која најави реализација на проект ,,Ден на идеи,, при што граѓаните на државава ќе имаат можност да изнесат идеи, предлози, проекти и мерки за подобрување на состојбите во земјава. Политикологот Дане Талески смета дека ова е уште еден маркетиншки потег на власта:

„Ова е еден популистичките потег за да се задржи и онака високиот рејтинг. Граѓаните ги гласаат политичарите за да имаат водство, за да немора секој ден да доаѓаат кај нив и да им кажуваат како да ја работат работата за која ја добиле довербата и за која земаат пари.“

Ова мислење го дели и социологот Илија Ацески:

„Кои идеи, од која категорија ќе земете мислење на народот... Синдикалците, оние кои што преживуваат.“

Експертите додаваат и дека ваквиот потег на владата ја поставува и под знак прашање и улогата и подготвеноста за справување на проблемите не само кај самата власт, туку и кај бројните советници што таа ги плаќа за совети, идеи и можни решенија:

„Советниците на секоја влада и се потребни од различни причини. Но, непостои најдобар советник, а воедно најлош советник може да ви биде народот.“

Нашата цел е платото пред владата да се претвори во вистинска демократска агора, демократски форум и собрание каде што ќе се чујат сите идеи на граѓаните и ќе дадеме нова полет на македонската демократија и никогаш не треба да се потценува колективната моќ на граѓаните, вака во владата ја објаснуваат целта на проектот ,,Ден на идеи,,. Наспроти мислењето на експертите, владиниот потпарол Ивица Боцевски посочува дека реализацијата на овој проект незначи дека владата или пак ангажираните советници немаат решенија и идеи за состојбите во земјава. Владата има само тројца постојано ангажирани советници, а тие месечно не ја чинат многу државата. За надворешните советници Боцевски пак вели:

„Сите останати се ангажирани за безпари кои што својот потенцијал го ставаат како влог во развој на македонската иднина и во развој на македонската демократија.“

забележува Боцевски.
XS
SM
MD
LG