Достапни линкови

Вашингтон: Далај Лама одликуван од американскиот Конгрес


Тибетанскиот духовен лидер Далај Лама вчера во Капитол Хил беше одликуван со највиското граганско одликување на Соединетите Американски Држави Златниот медал на американскиот конгрес. На церемонијата присуствуваа и американскиот претседател Џорџ Буш и претседателот на конгресот Ненси Пелоси. Буш побара од кинеските лидери да го прифатат Далај Лама во комунистичката нација. Кина која 72 годишниот будистички свештеник го прогласи за тибетански сепаратист протестираше против јавната церемонија во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG