Достапни линкови

Техеран: Путин повтори дека Русија ќе се спротистави на воена акција на САД против Иран


Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека Русија ќе се спротистави на каква било воена акција на Соединетите Држави против Иран. На самитот на земјите од Каспискиот регион, лидерите усвоија заедничка декларација во која, меѓу другото, се вели дека ниедна држава од тој регион нема да дозволи нејзината територија да биде користена за напад врз друга земја. Инаку, Путин го поканил иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат да ја посети Русија.
XS
SM
MD
LG