Достапни линкови

Погребот во Крушево во 13 часот


Македонија денеска ќе се прости од својот национален херој Тоше Проески, кој вчера трагично загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. Погребот на Тоше со сите државни почести ќе се одржи во 13 часот на гробишатата во неговото родно Крушево. Со погребението ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ господин господин Стефан. Хеликоптерот со посмртните останки на Тоше во Македонија пристигна синоќа пред полноќ. Во Македонија со одлука на Владата денеска е Ден на жалост.
XS
SM
MD
LG