Достапни линкови

Париз: Македонија на 36-тото место според слободата на печатот


Од поранешните југословенски републики Словенија има највисоко ниво на слобода на печатот, а состојбата е најлоша во Србија, покажува истражувањето на организацијата Репортери без граници, со седиште во Париз. На листата од вкупно 169 земји, во кои Репортери без граници ја оценуваше слободата на печатот, Словенија е на 22-то место, а Србија на 67-то. Македонија го зазема 36-то место. Состојбата со слободата на печатот во земјите од регионот е најлоша во Албанија, која е рангирана на 87-то место.
XS
SM
MD
LG