Достапни линкови

Багдад: Стотици турски војници распоредени во Северен Ирак


Стотици турски војници веќе се распоредени во четири бази во Северен Ирак, соопштија курдски извори и очевидци во момент кога Анкара се подготвува за евентуално навлегување во таа област со цел елиминирање на курдските бунтовници. Турскиот парламент треба да гласа денеска за ополномоштување на армијата да навлезе во Северен Ирак. Турските сили се составени од околу 600 војници и имаат околу 150 оклопни возила меѓу кои и тенкови. Во меѓувреме, Ирак, САД, ЕУ и Русија ја повикаа Турција да не презема прекугранична операција.
XS
SM
MD
LG