Достапни линкови

Лош сигнал за странските инвеститори, сметаат економистите


Работите во слободната економска зона Бунарџик кои требаше да завршат за да се овозможи работата на фабриката Џонсон Контролс доцнат неколку недели, вели бизнисменот Ристо Гуштеров, контакт лицето на оваа американска компанија:

„Сметам дека тоа ќе биде надополнето во завршната фаза, односно со монтажата на опремата и пробното пуштање во работа. Сега за сега, првата линија на производството, односно опремата е при крај со монтажата.“

Инаку, според договореното, градежното претпријатие Маврово требаше да биде готово со својот дел од работата минатиот месец. Во август претставникот на Џонсон Контролс во земјава Мирослав Урбан, за нашето радио наведе други термини за пробниот старт:

„Во првата недела од септември ние ќе извршиме пробни тестирања на опремата, а ќе ја инсталираме во третата или четвртата недела од септември.“

изјави Урбан.

Гуштеров пак вели дека сега се прават напори за надокнадување на она што сега е заостанато во работата:

„Вината малку е и на главниот контрактор, на Маврово, но повеќе е некоординација меѓу другите суб контрактори коишто учествуваат во изведбата на објектот. Сега се прават напори тоа доцнење да се санира.“

И од агенцијата за слободни економски зони потврдија дека во Бунарџик интензивно се работи. Оттаму велат дека она што требаше да го заврши државата, односно инфраструктурата е готово уште во септември, според предвидениот рок. Од ГП Маврово не успеавме да обезбедиме информација околу причините за доцнењето.

Економистите пак, велат дека ова е лош сигнал за странските инвеститори кои би биле заинтересирани за вложувања кај нас:

„Во иднина, треба да го подготвиме теренот поубава, и да влеземе со што е помала веројатност дека нештата нема да одат како што сме замислиле или како што сме посакувале,“

вели професорот Томе Неновски од Американскиот колеџ.
XS
SM
MD
LG