Достапни линкови

Загина Тоше Проески


Несреќата се случила изутрината во 6 часот и двесет и пет минути на два километри од клучката кај Нова Градишка каде што фолсфагенот Туарег кој се движел во правец на Загреб удрил во камион. Во возилото освен 26 годишниот Проевски кој спиел на совозчкото седиште биле и менаџерката Лилјана Петровиќ и Ѓорѓи Ѓорѓевски од Скопје кој управувал со возилото и кои се пренесени во болница во Нова Градишка.

Според првичните информации од полицијата до сообраќајната несреќа дошло поради непочитување на сособраќајните прописи кога предниот дел на автомобилоот Таурег урдил во предниот дел на полуприколката на товарно возило со италјански регистрски таблички. Во оваа собраќајна несреќа смртно настрада 26 годишниот Проески, а остантите две особи се прнесени во болницата во Нова Градишка.

„Најверојатно се работи за непочитување на прописите односно недржење растојание од страна на возачот, веројтно сплет на околности како неприлгодена брзина и умор и еве тргични поаледици,“

изјави Ката Нуиќ портпрол на полициската управа.

Поради загинувањето на Тоше Проески Владата на денешната седница ќе го прогласи 17 октомрви за Ден на жалост. Премиерот ги задолжи министерството за надворешени работи и државниот протокол заедно со семејството на Проевски да ги организира сите детали околу преност на посмртните останки на Тоше.

Тоше Проевски е роден во Крушево во 1981 та година. Беше напјпопулрен пејач во Македонија, а сингловите од некои од неговите албулми како „По Тебе“ се задржуваа на највисоките места на музичките топ листи на Балканот. Проевски беше претставник на Македонија за песна на евровизија во 2004 та во Истанбул, а Во 2004 та година е именуван за регионален амбасадор на добра војла на УНИЦЕФ. Неодмана го одржа својот последен концерт во скопје на Градскиот стадион каде присуствуваше 35 илјадна публика пред која настпуваше во хумнитрни цели со песни од најновиот албум „Игри без граници“ на којшо имеше соработка со хрвтаската пејачка Антонија Шола.
XS
SM
MD
LG