Достапни линкови

Самит на лидерите на петте земји на каспискиот регион


Лидерите на 5 те земји на Каспискиот регион денеска одржуваат самит во Техеран. Изутрината таму, и покрај извештаите за можен атентат вр него, пристигна Владимир Путин што преставува прва посета на руски претседател на Иран од 1943 година. На самитот главна тема е поделбата на богатото со нафта Каспиското море, а во фокусот на разговорите Путин – Ахмадинеџад е контроверзната иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат на отворањето на самитот повика на соработка за регионален и глобалелен мир, додека рускиот претседател Владимир Путин пак рече дека употреба на воена сила е неприфатлива работа во Каспискиот регион. Лидерите на 5 те земји кои го делат крајбрежието на Каспиското море инаку на самитот во Техеран се фокусирани на нерешеното прашање околу поделбата кое влече корени од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Русија, Азербејџан и Казахстан од една страна се залагаат секоја земја да добие пропорционален дел од морето согласно големината на крајбрежјето. Иран и Туркменистан, од друга страна пак бараат поделбата на Каспиското море да биде рамномерна.

„Касписката територија не треба да биде покриена со државни граници, сектори и ексклузивни зони. Што помалку подрачје е зафатено, тоа повеќе вода и површина ќе останат за заедничка употреба.“

изјави Владимир Путин. Рускиот претседател е во Техеран и покрај извештаите за заговор за обид за атентат врз него. Тој е прв лидер од Кремљ кој го посетува Иран од 1943 година. Иран ги отфрли обвинувањата за можен атентат, сметувајки ги во групата психолошка војна против непријателите на Техеран. На маргините на самитот Владимир Путин и Махмуд Ахмадинеџат разговараат за иранската контроверзна нуклеарна програма. Хосеин Ариан експерт на Радио Фарда – Радио Слободна Европа смета дека Путин нема намера да понуди поголема подршка за Техеран доколку одби да ги исполни барањата на запад во врска со одговорите на прашањата за нуклеарната програма.

„Јас мислам дека Иран смета на руската подршка, бидејки Претседателот Путин на средбата со францускиот претседател Николас Саркози рече дека нема доказ оти Иран се готви да прави нуклерна бомба. “

Во истовреме, Соединетите Држави и Европските сојузници ја притискаат Москва да завземе поцврст став околу иранската нуклеарна програма за која тие стравуваат дека е само маска за изградба на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG