Достапни линкови

logo-print

Загреб: Загина Тоше Проески


Познатиот македонски пејач Тоше Проески загина рано изутрината во сообраќајна несреќа во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми, а веста ја потврди и хрватската амбасада во Македонија. Другите двајца сопатници се повредени, но нема информации за каков степен на повреди станува збор.

Несреќата се случила изутрината околу 6 часот и триесет минути во близината на Нова Градишка кога се судриле Фолксваген Туарег и камион. Според хрватските медиуми во возилото освен Проески, кој спиел на предното седиште биле и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ (1958) и Ѓорѓе Ѓорѓевски (1975) од Скопје, кој управувал со возилото.
XS
SM
MD
LG