Достапни линкови

logo-print

Луксембург: Усвоени заклучоците на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија синока во Луксембург усвоија заклучоци за регионот на Западен Балкан, во кои се оценува напредокот на Црна Гора и Босна и Херцеговина на патот кон Унијата, како и текот на преговорите за решавање на статусот на Косово. Советот на министри го поздрави потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Црна Гора и Унијата, оценувајќи оти тоа е важен чекор за натамошното интегрирање на земјата во европските структури. Во заклучоците се поздравуваат и напорите на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак за унапредување на реформите во земјата, особено на полициските. Шефовите на дипломатиите на Унијата го поздравија и преговарачкиот процес за решавање на косовскиот статус, оценувајќи го досегашниот тек на преговорите како конструктивен.
XS
SM
MD
LG