Достапни линкови

Уривање на сите чевларски дуќани поради нередот што го предизвикуваат на градските улици


Руските зими се нељубезни кон чизмите и чевлите и традиционално тоа е одлична шанса да работат насекаде распространетите чевларски продавници во Москва. Но, со повеќе пари во џебовите, многумина од современите Руси се одлучуваат да купат нови чевли, наместо да ги поправат старите. Најзастрашувачки е последниот потег на градоначалникот Јуриј Лушков. Тој најави дека ќе ги урне сите чевларски дуќани бидејќи предизвикуваат неред на градските улици.

„Моето име е Јукан Данилович Бавидов. Во Москва сум од 1955 година. Имав две продавници за чевли, а во оваа сум веќе 35 години.“

Продавницата на Бавидов е сместена недалеку од театарот Бољшој во центарот на Москва. Долга редица на врвци за чевли во секоја боја и должина е распространета на парче жица што се оптега по должината на излогот. Внатре има место колку за чевларско тркало, разнишано столче и излижана кожена торба полна со алатки.
Како и повеќето чевлари во Русија, Бавидов е Асириски христијанин и потекнува од античкото кралство Асирија.Неговите родители живееле во Отоманската империја се додека таа не извршила масакр врз 750 000 Асиријци. Тогаш во 1914 година, родителите на Бавидов побегнале во Русија.

„Од времето на Првата светска војна, почнавме да работиме, да се мачиме, така што потта се гледаше и на наште веѓи. И тогаш во 1949 година, 90 проценти од Асириската популација беше протерана во Томск во Сибир.
Кога не уапсија, не принудија да кажеме дека сме Курди, а не Асиријци. Но не го направивме тоа. Ние сме Асиријци и тоа и ќе останеме. “


Семејството на Бавидов се преселило во Москва во 1955 година и таму заедно со татко му го учеле чевларскиот занает кај еден Ерменец. Во тоа време, раскажува Бавидов 90 проценти од Асириската заедница го работела овој занает, а денеска вели тој децата не сакаат да ги наследат своите татковци.

„Старите починаа, младите пак не сакаат да бидат чевлари. Видете, јас имам четири деца. Првото е на универзитет, а и второто исто така. Третото отиде да учи во стручно училиште. Дали навистина милите дека тие сакаат да бидат чевлари?“

Но, не е само руската Асириска заедница таа која се оддалечува од чевларскиот занает. Јуриј Лушков, градоначалникот на Москва им објави војна на стотиците чевларски продавници и најави дека ќе ги урне бидејќи според него тие предизвикуваат неред на улиците во главниот град.
XS
SM
MD
LG