Достапни линкови

Митингот ќе и ја покаже на меѓународната заедница подршката кај македонските граѓани за овие процеси


Целта поради која Демократската Пратија на Албанците одлучи да организира митинг за подршка на независноста на Косово и на нашите евро атлантски интеграции е на меѓународната зедница да и се покаже подршката која македонските грагани ја даваат на овие два процеси, вели Бесим Догани од ДПА:

„Со тоа фактички им даваме дополнителни можности на нашите прозападни партнери да работат со цел за евроинтеграциите на Македонија и со цел што поскоро да се реши статусот на Косово.“

Опозицината ДУИ пак на друго место ја гледа причината за организрањето на митингот. Секојдневно ДПА ја губи подршаката меѓу албабнските гласачи и ова е обид да се вратат нивните симпатии, вели потпретседателот Рафиз Алити:

„Играат на последна карта за која албанскиот електорат, па и електоратот на Македонија, било за независност на Косово, било за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ секако дека без оглед на која политичка партија и припаѓаат секако дека се изјасниле ЗА.„

На ваквите обвинувања Догани кометира:

„Не се работи за партиските интереси или теснопартиски интереси, туку интересот е поголем.“

Аналитичарите пак со различни мислења. Според Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики, подршката на независноста на Косово од страна на партија која е дел од владината коалиција е различно од досега познатот државен став за ова прашање:

„Владата не кажува дека сме за независно Косово. Влада вели дека ги поддржува принципите на планот на Ахтисари, така што ова е подруго решение и е во контраст од она што владата го промовира.“

Митингот ќе преставува морална подршка на преговорите кои се водат меѓу делегациите на Србија и Косово, а тоа што и нашите евроинтегарции се тема, е негацијата на најавите од Белград дека независноста би можела да резултира со креирање на нови граници и конфликти во регионот, оценува аналитичарот Алберт Муслиу:

„Јас мислам дека со самиот факт што овие две теми се промовираат, сака да се укаже дека евроатлантските интеграции се јасна дефиниција на албанците тука, за целовита, интегрална Македонија.“

вели Муслиу.
XS
SM
MD
LG