Достапни линкови

Техеран: Владимир Путин ќе пристигне во Техеран и покрај најавите за можен атентат


Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ќе пристигне во Техеран денеска вечер, како што и беше предвидено. До соопштението на министерството дојде откако се појавија наводи за можен атентат врз Путин за време на неговиот престој во Иран во рамките на самитот на земјите од Каспискиот регион. Агенциите, цитирајќи извори од руските тајни служби, јавија дека терористите тренирале како да го убијат или да го киднапираат рускиот претседател. Путин кој во моментов е во Германија на разговори со канцеларот Меркел не ги коментираше ваквите наводи.
XS
SM
MD
LG