Достапни линкови

Луксембург: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ


Денеска во Луксембург се одржува редовен состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија. Шефот на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана ќе ги информира шефовите на дипломатиите на ЕУ за текот на преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, а свое обраќање ќе има и главниот тужител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, која ќе поднесе извештај за соработката на Србија со Трибуналот, по што министрите треба да го одобрат парафирањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија. На маргините на самитот ќе биде потпишан и Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Црна Гора и ЕУ. Потпишувањето на Договорот беше доведено под знак прашање поради противењето на Бугарија бидејки во бугарската верзија на документот паричната единица на Европската Унија е преведена како ,,еуро,, наместо ,,евро,, како што е официјалното име во Бугарија.
XS
SM
MD
LG