Достапни линкови

logo-print

Репортер кој никогаш не се плашел од предизвици, изјави Гари Каспаров


Во Вашингтон деновиве во организација на Радио Слободна Европа беше одржана комеморација на годишнината од смртта на руската новинарка Ана Политковскаја. Меѓу повеќето учесници беше и Гари Каспаров, водечка фигура на руската опозиција кој изјави дека ја памети Политковскаја како репортер која никогаш не се плашела од предизвици. Каспаров исто така оцени дека Русија под претседателот Путин престанала да биде демократија.

Ана Политковскаја беше жртва на владата која се откажа од демократијата и се сврте кон авторитаризмот, беше оценето на комеморацијата на годишнината од нејзината смрт. Политковскаја беше новинарка која ги истражуваше слуачите со кршење на човековите права, посебно во војната во Чеченија. Беше убиена во октомври лани пред нејзиниот дом во Москва и досега руската полиција нема упасени во врска со ова убиство. Според Комитетот за заштита на новинарите, од доаѓањето на власт на претседателот Владимир Путин биле убиени седуманесет новинари и само еден случај бил решен.

„Фактите се дека руската влада станува се поневажна за Путин и за неколкумината негови избраници. Државниот апарат е ставен во служба на големите корпорации кои дејствуваат надвор од законите и зад сцената.“

Оценува Гари Каспаров кој додава дека олигарсите заедно со Путин вршат притисок врз граѓанските организации и медиумите. Русија, според Каспаров, веќе не е демократија и затоа побара од Групата седум најразвиени земји да не го поддржуваат Путин со тоа што го третираат како еднаков со нив.

„Денес имаме повратна ситуација кога Путин дејствува како Лукашенко или Мугабе, но се третира како еден од демократскиот клуб. Во Русија нема демократски стандарди.“

Општите избори во Русија се закажани за втори декември годинава, додека претседателските за идниот март, но Каспаров предупредува дека не станува збор за вистински избори.

„Би ве замолил, кога зборувате за Русија да бидете претпазливи во употребата на зборовите како избори, заминување од функција и сите други политички термини за демократија. Тие сите се лажни. Во Русија ние не се бориме за да победиме на избори, туку за да имаме избори.“


Вели Гари Каспаров кој чија партија деновиве ја загуби борбата да биде регистрирана на списокот на партиите кои можат да учествуваат на претстојните парламентарните избори во Русија.
XS
SM
MD
LG