Достапни линкови

logo-print

Брисел: Денеска втора рунда директни преговори меѓу Белград и Приштина


Во Брисел денеска ќе биде одржана втората рунда директни преговори меѓу делегациите на Белград и на Приштина за идниот статус на Косово. Посредничката тројка на Контакт групата ќе се обиде двете страни да ги поттикне на посилна размена на ставовите, со цел од фаза на испрашување да се премине кон вистински преговори, соопштија официјалните претставници на Советот на министри на Европската Унија каде што ќе се одржува овој состанок. Како што е најавено, Белград ќе го претстави предлогот за суштинска автономија на Косово, додека пак Приштина меморандумот за добро-соседски односи меѓу Косово и Србија, како две независни држави.
XS
SM
MD
LG