Достапни линкови

logo-print

Русија: Рајс и Гејтс ја завршуваат посетата на Русија


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана Роберт Гејтс денеска ја завршуваат посетата на Русија. Предвидено е Гејтс да има средба со рускиот премиер Виктор Зубков, а Рајс ќе разговара со активисти за заштита на човековите права. Вчера, Рајс и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров не успеаја да ги надминат разликите во врска со американските планови за анти-ракетен штит во Полска и Чешка.
XS
SM
MD
LG