Достапни линкови

logo-print

Формирана работна група за донесување Закон за парламент


За прв пат во собранието се размислува за донесување на закон за Парламент со кој прецизно би се регулирала работата и на пратениците и на службите во собранието. Додека регулирањето на оваа материја во законски акт кај нас би било прв за пат, ова е веќе искуство во повеќето други земји со развиена парламентарна демократија. Потребата за прецизна рамка за регулирање на собраниската работа ја наметнаа и последните случувања во парламентот околу физичките пресметки на парламентарците. Роза Топузовска Каровска пратеник од опозиционата Либерално демократска партија вели дека законски акт би помогнал во прецизирање на работата на собранието.

„Коишто ќе бидат опфатени и однесувањето на пратениците, односот на службите, регулиран статусот на службениците во Парламентот,“

вели Каровска. Освен остуство на ваков законски акт, во собранието речиси една година и донесувањето на новиот собраниски деловник е во ,,статус кво,, ситуација. Власта смета дека недонесувањето на новиот собранискиот деловник може да биде една од причините за инцидентите меѓу парламентарците.

„На Собранието апсолутно му е потребен нов Деловник затоа што тоа ќе значи поефикасно Собрание. А, деловникот не се носи поради противењето на опозицијата,“

изјавува Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ. Но, наспроти ставот на власта дел од опозицијата размислува поинаку. Доколку на истиот начин со скратување на дискусиите и непрецизоно регулирање на употребата на јазикот во парламентот што беше пречка за недонесувањето на деловникот се ,,оди,, и вториот пат нема да се постигне ништо, посочува пак Оливер Спасовски од опозиционата СДСМ кој додава дека за смирување на тензиите недоставува и дијалог:

„Ако имаме воспосравено дијалог, ако сме искерени во намерите тогаш нема да се случат ниту инциденти ниту нешто што ќе го наруши угледот на пратениците и парламентот.“

Пратеникот од ДУИ Азис Положани пак смета дека не е се во законските акти, туку во начинот на однесување на пратениците:

„Другите аспекти коишто понекогаш се непредвидливи, не може да бидат само предмет на нормативно уредување, туку и на поширока демократска култура.“

изјавува Положани. Повторното поставување на собранискиот деловник на дневен ред пред парламентот, за кој имено опозицијата своевремено поднесе околу две илјади амандами зависи од договорот мегу координаторите на пратеничките групи и претседателот на собранието. Во мегувреме и формираната работна група за донесување на закон за парламент очекува до крајот на годинава да биде изготвена првична верзија на овој закон.
XS
SM
MD
LG