Достапни линкови

Вашингтон: Постигнат извесен напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина


Постигнат е извесен напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина изјави на синоќешната редовна прес конференција во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот Том Кејси. Сепак, тој прецизираше дека доколку разговорите меѓу двете страни не донесат резултати Вашингтон ќе го застапува планот на решавање на кризата предложен од Марти Ахтисари.
,,Важно е да се истакне дека во текот на дискусиите е постигнат одреден напредок, но не можам да предвидам каков ќе биде исходот, изјави Кејси.
XS
SM
MD
LG