Достапни линкови

logo-print

Атина: Грција упати протестна нота до ОН поради Срѓан Керим


Грција вчера упати протестна нота до Обединетите нации за тоа што претседателот на Генералното собрание на Светската организација Срѓан Керим неодамна ја нарече земјата со нејзиното уставно име Македонија, јавија денеска грчките медиуми. Во документот се оценува дека Керим ги нарушил резолуциите на Советот за безбедност, бидејќи шефот на македонската држава Бранко Црвенковски на генералното собрание го претстави како претседател на Македонија.
XS
SM
MD
LG