Достапни линкови

logo-print

Доколку учестувавме на локалните избори во Бугарија сигурно ќе имавме прилично голем успех


На 29-ти месецов се одржуваат локалните избори во Бугарија. Вие нема да имате свои кандидати, но има ли некоја партија што Ве подржа во вашите барања па вие да ги повикате своите членови и симпатизери да гласаат за неа?

Значи од сите политички партии во Бугарија, ниту една не не подржува затоа ние нема да повикаме за никоја да биде гласано. Затоа ние подржуваме неколку независни кандидати за советници во неколку населени места во Пиринска Македонија и се надеваме дека тие ќе успеат да бидат избрани и да не презентираат во локалната власт.

Тие неколку кандидати кои што велите дека ќе ги поддржите, се македонци од Бугарија или се некои кои што ги поддржуваат вашите барања?

Неможам точно да прецизирам, но мислам дека повеќето од нив се македонци.

Каква е вашата проценка, доколку ги исполневте условите и учествувавте, колку градоначалнички места би добиле?

Многу тешко е да се направи таква проценка, бидејќи до сега од тие 17 години демократија само еднаш сме биле на избори, но мислам дека ќе имавме прилично голем успех при сегашната ситуација, нели при законот и условите што се во него. Градоначалнички места можеби не многу, но советнички места во општините сигурно доста и според мене сигурно ќе се претворевме во трета или четврта сила во регионот. Но, тоа неможе сигурно да се потврди бидејќи знаете ние не учествуваме во изборите.

Каква корист би имале македонците кои што живеат во Бугарија доколку имаат свои советници и градоначалници?

Значи нашата партија се стреми, имено и затоа е партија и сака да учествува во избори за да може да биде претставена во локалната власт и да ги штити интересите на своите членови и на сите кои што ги претставува партијата. Конкретно за македонците во Бугарија се покажа сиве овие години дека никој во оваа држава не ги штити нивните интереси и тие се изложени на секакви можни манипулации, нарушување на правата. Имено затоа се стремиме да имаме претставници во властите за да може тие да се спротивставуваат на таквите стремежи на разни националисти, некогаш дури и на централните власти, да ги дискриминираат македонците.

Зад вас застана и Европската слободна алијанса која ги повика европските институции да го осудат начинот на кој се однесува Бугарија, но бугарскиот суд повторно отиде спротивно од одлуката на судот во Стразбур и не ја регистира вашата партија. Каде го гледате решението?

Јас мислам дека Бугарија ќе мора да отстапи. Комитетот на министрите при Советот на Европа, веќе јасно се искажа за тоа дека исполнувањето на пресудата значи наша регистрација, а сега на 15-ти октомври пак ќе има седница. Моментално нашата молба за регистрација е во Врховниот суд на Бугарија која мора таа недела да излезе со свој став. Сега ќе видиме нели каков ќе биде тој став дали ќе бидеме регистрирани и потоа соодветно ќе ги информираме министрите за да може тие да преземат соодветни мерки.
XS
SM
MD
LG