Достапни линкови

Москва: Разговори меѓу Соединетите Држави и Русија за антиракетниот штит


Државниот секретар на Соединетите Држави Кондолиза Рајс и министерот за одбрана Роберт Гејтс денеска во Москва со рускиот државен врв треба да разговараат за планот за поставување на антиракетен штит во Полска и Чешка на што остро се спротивставува Русија. Разговорите за антиракетиниот штит пред два дена како подготовка на теренот за денешните средби, ги започнаа рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Кисљак и американскиот помошник државен секретар Џон Руд. Рускиот претставник Кисљак оцени дека разговорите биле тешки и сериозни. Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку месеци предложи Русија и Соединетите Држави заедно да го користат радарскиот систем во Азербеџан.
XS
SM
MD
LG