Достапни линкови

Скопје: Верниците од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам


Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот - Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва - Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. По повод празникот Рамазан Бајрам, премиерот Никола Груевски ќе присуствува на молитва во џамијата „Султан Мурат“, а ќе ја посети и Исламската верска заедница.
XS
SM
MD
LG