Достапни линкови

Противракетниот одбранбен систем во фокусот на разговорите


Неколку билатерални прашања се теми на дводневните разговори меѓу американската државна секретарка Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана Роберт Гејтс со нивните руски колеги, министерите за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Анатолиј Сердјуков. Но, Даниел Фрид, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, претходно соопшти дека во фокусот на разговорите ќе биде американскиот план за изградба на противракетен одбранбен систем во источна Европа.

Даниел Фрид, помошник државен секретар на Соединетите држави за европски и авроазиски прашања, соопшти дека Вашингтон и Москва имаат заеднички интереси за неколку светски теми, од кои за некои од нив се согласуваат, за некои имаат различни мислења, а за други нивните гледишта се испреплетуваат.
На пр. Фрид посочи дека двете земји имаат различен ставов околу статусот на Косово, а ист за нуклеарната програма на Северна Кореја. Што се однесува до Иран пак, двете земји се согласуваат дека не треба да има нуклеарно оружје, но имаат различности околу начинот на кој неговото производство треба да се спречи. Едно од главните спорни прашања е американскиот план за изградба на противракетен одбранбен систем во Полска и во Чешка. Фрид соопшти дека двајцата американски државници би разговарале со своите руски колеги и за ова прашање.

„Ако Русите се загрижени дека десеттина невооружени проектили во Полска се некаква закана, ајде да дискутираме за тоа. Ако се загрижени дека почетната распределба на проектили во Полска може да биде проследена со нешто друго,можеме да разговараме за таквата загриженост. Ние секако сме отворени за ваков тип на дискусии, рече Фрид.“

Стратешките прашања како што се противракетниот штит, Северна Кореја, Иран и Косово се важни, додаде Фрид според кој ваквите теми ги зближуваат Русија и Соединетите Држави. Тој потенцираше дека никој во Стејт Департментот не очекува оти сите или барем некое од овие прашања ќе биде решено до крајот на средбите, но оти состанокот ќе ќе обезбеди солидна основа за напредок во меѓусебното разбирање.

„Мислам дека е важно да ги дефинираме темите и да им дадеме насока, водич, инструкции на експертите и на преговарачите, и тогаш ќе продолжиме натаму.“

На прес конференција во Стејт Департментот, новинарите побараа од Фрид да го пренесе ставот на Бушовата администрација за нивото на демократија во Русија. Фрид рече дека администрацијата, а посебно државната секретарка Кондолиза Рајс верува дека иако Русија има силен претседателски систем, другите институции се слаби. Тој рече оти Рајс верува дека демократијата во Русија би била посилна, доколку таквите институции се посилни.
XS
SM
MD
LG