Достапни линкови

Мала искра може да предизвика голем пожар, предупредуваат експертите


Овој период на условно кажано деценија и пол постоење на македонска суверена држава и во таа смисла суверен и незвисен политички систем Македонија во поглед на меѓуетничките односи може да се разгледува во рамките на два периода пред и по рамковниот договор. Со овој договор се сменија основите на карактерот на државата, фукцинирњето на политичкиот сиситем и институциите преку внесување на нови првила особено бадинтеровиот принцип. Но, иако се успева на некој начин да се одржи една ситуација во која може да се зворува да се зборува дека Македонија се развива во правец на мултиетничка зедница секојдневно имаме потреси недорзбирања и политички конфликти во кои мала искра може да предизвиа пожар, вели Тодор Чепреганов од Институтот за нацинална историја

„Држава во којашто постоја повеќе етнички групи, прашањето е многу чувствително и мора да се внимава како политички ќе делува самата држава и како ќе биде поставена таа. До денеска сметам дека се движиме по пат во којшто гледаме дека секојдневно имаме потреси токму на тоа поле, односно на меѓуетничките односи и само мала искра може да предизвика голем пожар.“

Секое време сима свои карктеристики, но сега се наоѓаме во повисока афза на градење на меѓуетничките односи за разлика од пред 90-тите години вели полтикологот Хисен Рамадни, според кога Македонија тогаш него немала автентична полтика за македонско албнските односи. Она што е потребно е време за зреење на политичката култура оценува полтигологт Хисен Рамадани

„Тој период не сме го надживеале, пубертетот во политиката. Не сме во состојба резонски да размислуваме во моментот кога ни се погодени интересите, не само етнички, туку внатре етнички. Изразисто негативна појава што не смее да се случи во една демократска држава, но од друга страна не смее и да правиме голема драма, затоа што тоа не е меѓуетнички, туку интер етнички. Второ, затоа што тоа е процес на политичко созревање.“

Иако треба да се движи кон развој на мултикултурно општество, денес имаме подем на колективните права и тоа тоа с е одрзува врз моделот на демокртија од парламентарентот која добива консензулелен вид, вели Тања Каракамишева од правниот факултет во Скопје:

„Сведоци сме дека имаме голем подем на правата на етничките заедници кои не се во мнозинство во Република Македонија и се поставуваат на поинаков степен градирањето на важноста на она што е малцинство и мнозинство.“

вели Каракамишева.

Според неа, Македонија во иднина треба повеќе да води сметка за она што се нарекува европска практика на владеење а тоа значи поклтичкиот и уставниот ситем повеќе да биде насочен кон граѓаните, а помлку кон зедниците и колективитетите.
XS
SM
MD
LG