Достапни линкови

Откупот продолжува со нови правила што ќе ги елиминираат нелегалните продавачи


Сопствениците на откупни пунктови за старо железо,Перо Петрушевски и Митко Келешовски, објаснуваат дека забраната за откуп на старо железо која беше донесена пред четири месеци им нанела огромни финансиски загуби.

„Ние не работевме. Работниците мора да се платат, мора да им се платат придонесите. Сето тоа што требаше, другите останати трошоци.“

„Нашите загуби се огромни. Тоа може да се види од евиденцијата, ние претходно работевме, а сега четири месеци мируваме. Финансиски најмалку 15 до 20 илјади евра.“


Но, пред повеќе од една недела беше укината забраната за промет со старо железо.Тие велат дека засега слабо им оди работата,бидејки повекето од граѓаните сеуште не знаат дека отпадите откупуваат железо.За слабиот промет кој сега го остваруваат тие ги посочуваат и зголемените контроли по отпадите.

„Сега уште не знаат луѓето дека сме почнати со работа. Најстрого водиме за откуп контрола. Имаме поставено човек за откуп кој гледа што се купува и како.“

„Може нема да биде истото темпо, затоа што тие што не работеа легално нема да дојдат. Но, тие што работеа нормално ќе дојдат. Но, доста се и тие. Тие сега ќе се плашат од камери, од полиција, им кажуваме дека има контроли и да не доаѓаат веќе.“


Од Министерството за животна средина велат дека со уредбата на законот за отпад,на складовите за собирање на железо им доделиле лиценци и им доставиле елаборати кој содржи кои видови на железо можат да ги откупуваат.

„Има дозволи за пет години, во кои јасно е наведено и ставени се покрај елаборатите, наведени се и другите елементи. Доколку дојде до несакани последици, како во минатиот период може да се утврди веднаш причинителот на таа штета,“

вели Миле Јакимовски,директор на управа за животна средина.Тој исто така додава дека овие одредби на законот ги донеле во согласност со здружението на откупувачи на отпад:

„Во наредниот период ќе ги контролираме сите откупувачи, да не дојде до несакани последици кои може да влијаат на животот на луѓето.“

Одлуката за забрана на откуп на старо железо беше донесена поради зачестените кражби на шахти, бисти, сообраќајни знаци, споменици и други работи што е дел од јавната инфраструктура.
XS
SM
MD
LG