Достапни линкови

Кабул: Претседателот Бранко Црвенковски денеска во Авганистан


Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе престојува во Авганистан, соопшти неговиот кабинет. Денот на народното востание - 11 Октомври, претседателот Црвенковски ќе го помине со македонските војници во мисијата ИСАФ во која Македонија учествува од 2002 година. Предвидено е да има средба со одговорните во командата на Меѓународна мисија за поддршка на стабилноста во Авганистан. За време на посетата на Авганистан претседателот Црвенковски ќе биде придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски.
XS
SM
MD
LG