Достапни линкови

Вашингтон: Посета на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер


Проширувањето на НАТО и Авганистан се темите на разговор кои вчера ги имал во Вашингтон Генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Схефер со американскуите секретари за надворешни работи и одбрана Кондолиза Рајс и Роберт Гејтс. Според официјален преставник, главна тема требала да биде подготовката за следниот самит на НАТО во Букурешт идната година и посебно кандидатурата на трите балкански земји - Хрватска, Македонија и Албанија. Според дипломатски извори, нивниот статус веројатно нема да биде целосно решен до самитот на Алијансата во 2009 година кога НАТО ќе ја одбележи 60 тата годишнина. Секретарите Рајс и Гејтс за подготовките на самитот во Букурешт денеска ќе се состанат и со Амбасадорите на членките на НАТО кои престојуваат во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG