Достапни линкови

Клучните разлики остануваат, аналитичарите не очекуваат големи резултати


Во Ново Огарево денеска продолжува руско – францускиот самит. Францускиот Претседател Николас Саркози изјави дека со Владимир Путин нашле извесни допирни точки за Иранската нуклеарна програма и иднината на Косово, иако, очигледно, според аналитичарите клучните разлики остануваат и од овој самит не може да се очекуваат големи резултати.

Според Саркози, Путин се согласил дека Иран можеби има потенцијал да развие нуклеарно оружје, но не се согласил дека Техеран се обидува да направи оружје. Русија имено не го подржа француско – америакнскиот повик за нов пакет санкции во Обединетите Нации спрема Иран. Саркози исто така рече дека со рускиот претседател Путин не е затворен за компромисно решение околу статусот на Косово. Франција е подржувач на независноста на Косово, а Русија, како сојузник на Србија, не се согласува со тоа. Според Вјечеслав Игунов директор на Меѓународниот Институт за Хуманитарни и Политички студии во Москва двајцата претседатели имаат сериозни спротивни мислења за повеќе меѓународни прашања.

„Мене ми се чини дека не треба да се очекуваат сериозни резултати од состанокот, бидејки позициите на двете земји во минатиот период остро се разликуваат.“

Русија и Франција од друга страна имаат здрави економаки и трговски односи и затоа и покрај разликите двајцата можат да најдат заедничка основа за многу теми, смета Кира Зајева од Институтот за Глобална Економија и Меѓународни односи.

„И двајцата се прагматичари и реалисти. Тие се сериозни политичари кои на свој начин гледаат да ги подобрат состојбите во своите земји. И покрај про американските ставови на Саркози нема да има големи разлики меѓу Русија и Франција.“

Станува збор за прва посета на русија на Николас Саркози како Претседател на Франција. односите меѓу двете земји се битни, изјави рускиот Претседател Владимир Путин.

„Франција отсекогаш била и се андевам дека и ке остане еден од нашите приоритени партнери во Европа и светот. Нашите односи успешно се развиваат и билатералната трговија расте. “

изјави рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG