Достапни линкови

Играњето фудбал подобро од трчањето за намалување на телесната тежина


Конечно, истражувачите имаат добри вести за мажите кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина и да ги оформат мускулите. Подобар начин за да се постигне тоа е да се игра фудбал , а не трчањето. Тим на дански научници откри дека средновековните мажи кои претежно животот го минуваат во седење, ја зголемиле својата мускулна маса за 2, а истовремено изгубиле над 3 килограми од телесната тежина, играјќи фудбал, трипати неделно.

Веројатно најдобриот показател дека една научна студија е добра е кога субјектите сакаат таа да продолжи. Питер Круструп, професорот по практична псхологија на Универзитетот во Копехаген кој ја спроведе студијата, вели дека идејата за неа потекнала од самите фудбалери.

„Бевме контактирани од играчите и би сакале да продолжиме со истражувањето. Всушност ние правиме продолжение на студијата, во кое ги согледуваме ефектите од пред шест месеци и од пред две години.“

Круструп и неговиот тим собрале 100-тина мажи кои најчесто седат, а се на возраст од 20 до 45 години. Дветретини од тие мажи биле дебели, а 25 проценти од нивната телесна тежина ја сочинувале масти. Сите тие се соочувале со ризик да заболат од дијабетис, хронично воспалување на бубрезите или срцев удар. Една третина од мажите играле фудбал три пати неделно во текот на три месеци, а од другата третина мажи било побарано да трчаат во истиот период. Оние кои играле фудбал изгубиле над 3 проценти од масната маса во телото, а оние кои трчале само 2 проценти од истата.

Од истражувањето, Круструп и неговиот тим заклучиле дека иако е здраво да се трча, поздраво е да се игра фудбал, особено ако се сакаат резултати како што се намален крвен притисок и намален процент на масти во организмот.

Тие исто така откриле дека играњето фудбал не бара голема физичка кондиција како на пр.трчањето.

„Понекогаш ги прашуваме играчите беше ли ова тешка игра, а тие велат не, не беше проблем бидејќи победивме со 9 спрема 2. А тогаш го проверуваме отчукувањето на нивните срца и забележуваме дека срцевите отчукувања се позабрзани отколку за време на играта, а тие не ни забележале дека нивното срце силно бие. “

За разлика од нив луѓето кои трчаат ги објаснуваат таквите физички вежби како исцрпувачки. Вообичаено лекарите не препорачуваат мажите кои најчесто седат да почнат да вежбаат многу, затоа што постои ризик да се повредат. Круструп вели дека досега само еден од испитаниците се повредил за време на играта, но сега повторно игра.
За да се спречат можните повреди, важно е играта да биде пријателска и релаксирана, вели тој.

„Има многу истражувања кои покажувааат дека бројот на повреди е шест до десет пати поголем во натрпреварувачки игри, отколку за време на тренинг. Па, претпоставувам дека ако сакате препораки за неизвежбани и дебели лица, тоа би било да дојдат заедно, група на другари и да играат заедно неколку пати секоја недела, а тоа ќе предизвика да ги избегнуваат повредите. “

Круструп и неговиот тим заклучиле дека фудбалот е важна здравствена интервенција што може да се користи секаде во светот. Она што е потребно е само топка, четиринаесет лица да формираат два мали тима и терен кој е доволно голем за да собере две голмански стативи.
XS
SM
MD
LG