Достапни линкови

Приштина: Косово унилатерално ќе прогласи независност


Косово унилатерално ќе прогласи независност неколку дена по истекот на крајниот рок за преговори во декември, доколку меѓународните преговарачи не успеат да постигнат договор за конечниот статус, изјави косовскиот премиер Агим Чеку, по вчерашната средба во Лондон со шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд. Во меѓувреме, во Обединетите нации Москва и Вашингтон имаа недоразбирање околу ова прашање. Имено, американскиот амбасадор Залмај Калилзад ги повика преговарачите до 10-ти декември да постигнат конечен договор, додека рускиот претставник Витали Чуркин смета дека преговорите треба да продолжат се додека не се постигне согласност.
XS
SM
MD
LG