Достапни линкови

logo-print

Мјанмар: Воените лидери соопштија дека сакаат добри односи со про демократскиот опозиционен лидер


Воените лидери на Мјанмар соопштија дека сакаат добри односи со про демократскиот опозиционен лидер Аунг Сан Суу Куи. Според режимскиот весник Светлото на Мјанмар, властите именувале и офицер за контакт со опозициониот лидер по сугестија на специјалниот пратеник на Обединетите Нации Ибрахим Гамбари. Тој го посети Мјанмар по насилното кршење на про демокартските демонстрации.
XS
SM
MD
LG