Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе одржи консултации за Косово


Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска попладне во Њујорк ке одржи консултации за Косово на кои своите редовни извештаи ке ги поднесат генералниот секретар на Обединетоте Нации Бан Ки Мун и шефот на УНМИК Јоаким Рикер. Како што јавуваат агенциите Бан ки Мун во својот извештај оценува дека не треба да се штедат напорите во постигнувањето на прифатливо решение за идниот статус кое што би било во согласност со принципите на контакт групата. Одложувањето според Ки Мун ја доведува во прашање работата на организацијата во покраината и ризикува нестабилност во регионот.
XS
SM
MD
LG