Достапни линкови

Скопје: Посета на заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД


Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави, Розмари Ди Карло денеска пристигнува во работна посета на Македонија. Како што е најавено таа денес ке се сретне со претседателот Бранко Црвенсковки и премиерот Никола Груевски. За време на нејзината посета која ке трае до 11 окотмвври Ди Карло ке оствари одвоени средби и со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, со вицепремиерот Имер Алиу, како и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Ди Карло треба да се сретне и со лидерите на опозициските партии СДСМ и ДУИ, Радмила Шеkеринска и Али Ахмети. На средбите е предвидено да се разговара за можностите за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, за поддршката на Соединетите Американска Држави за македонската кандидатура за членство во НАТО, како и за состојбите во регионот во контекст на идниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG