Достапни линкови

logo-print

Немањето навика за посета на лекар кај жените причина за ненавремено откривање на болеста


Вера Златева е една од жените која долго време се бореше со рак на дојката. Таа раскажува дека пред повеке од пет години поради застарената опрема која ја користеле некои од институциите во државава,лекарите неможеле веднаш да и ја утвдат болеста.

„Бев среќна жена. Мајка и сопруга. Мислев дека е се пред мене. Меѓутоа, ете, еден ден случајно открив дека кај мене има промена на градата, државата нема доволно за да може да пружи се на жените и на време да се открие ракот. Дијагноза не ми беше воспоставена веднаш дека тоа е нешто што е малигно, затоа што немаа филмови за мамографија, туку земање бриз и чекање шест месеци за повторна контрола.“

Во моментот кога докторите и кажале дека боледува од карцином Златева вели дека била многу исплашена.

„Знаев дека тоа е болест којашто ќе бара долго време и многу напор. Јас само во првиот момент се прашав што јас згрешив и до кога ќе живеам? Меѓутоа, сето тоа го отфрлив, знам дека секогаш жените не грешат за себе, и не треба да се прашуваат до кога ќе живет, туку да се борат. Јас тоа го направив, ги поминав сите работи, од операција, од хемотерапија, што за сите е доста тешко, еве пет и пол години јас сум жива и здрава.“

Причина за ненавремено откривање на малигните заболувања е немањето на навика за посета на гинеколог, велат упатените.

„Едукацијата не жените во Македонија е на лошо ниво, затоа што пациентките сметаат дека треба да се оди на гинеколог само кога се има проблеми,“

објаснува доктор Нада Николовска.

Со цел за намалување на малигните заболувања кај жените Министерството за здраство почна со спроведување на национална кампања за борба против ракот.

„Во рамките на болниците и клиниката во Република Македонија ќе се организираат бесплатни мамографски и ПАП тестови,“

вели министерот за здраство Имер Селмани. Кампањата „Надмудри го ракот-биди здрава жена“ ке се спроведува во наредните 3 месеци во сите градови во Македонија.
XS
SM
MD
LG