Достапни линкови

Експертите велат дека македонските производи мора да станат поконкурентни за да се намали дефицитот


Се додека македонските производи не станат конкуренти на странските пазари, државата континуирано ќе бележи зголемување на трговскиот дефицит, како што е и оваа година кога во првите осум месеци според најновите податоци на заводот за статистика трговскиот дефицит изнесува 926 милиони американски долари. Континуирано високиот трговски дефицит и се заканува на македонската економија, бидејќи покажува дека таа е постојано зависна од висока технологија со која не се поттикнува производството, а додека во и онака понискиот извоз државата на странскиот пазар нуди полуготови производи, забележуваат економските експерти:

„Ако гледате дека прва ставка може да биде увоз на автомобили, тоа веќе е погубно за економијата затоа што увезувате готови производи кои што директно се наменети за понатамошна потрошувачка. Кај извозот исто така ќе видите обратна структура, таму се извезуваат претежно полуфабрикати, недоработени, не со висок степен на финализација и слично.“

Вели професор Абдулменаф Беџети кој додава дека сето ова влијае врз платниот биланс односно покривањето на недостатокот на средства мегу високиот увоз и нискиот извоз, а опасноста е уште поголема бидејќи не стимулира никаква конкурентност:

„Тоа што е најзагрижувачки покажува дека структурата на економијата не е ,,испечена“ сеуште за да биде конкурентна.“

Зошто македонската економија континуирано неможе да ја намали зависноста од увоз? Според мислењето на дел од домашните бизнисмени меѓу високите средства потребни за производствен процес и трговијата која овозможува висока заработка со помалку вложени средства, секогаш се избира второто:

„Од самото осамостојување на Македонија, самите стопанственици го бараат најлесниот начин до поголема добивка. Најлесниот начин во одреден момент беше трговијата.“

Истакнува бизнисменот Јован Дабевски. Предупредувањата се дека за да се излезе од ситуација на постојан трговски дефицит, мора да се стимулира домашното производство. Во оваа насока Никола Ефтимов од Сојузот на стопански комори истакнува:

„Колку е опасно тоа само по себе кажува. Тоа е еден пад на затварање на многу компании, доколку продолжи со оваа тенденција.“

Покриеноста на увозот со извоз минатата година изнесувал 63,8% додека во првите осум месеци годинава тој бележи раст и изнесува 69,9%.
XS
SM
MD
LG