Достапни линкови

Целта е утврдување на фактите, со одговорноста ќе се занимаваат други институции, вели Стојан Андов


Анкетната собраниска комисија за утврдување на околностите на инциднтите во собранието што се случија пред десетина ке ги прецизира фактите, но не може да ги повика на одговорност вклучените во настатине, тоа останува на надлежните Собранието, обвинителството во зависност за каква одговорност станува збор, вели претседателот на комисијата Стојан Андов и додава

„Оттаму, откако ние ќе ги утврдиме фактите ќе го известиме Собранието, а Собранието врз основа на нашите наоди, и другите органи ќе ги утврдуваат одговорностите, партиите, владата, евентуално ако има свои членови, потоа Собранието, ако има функционери кои одговараат пред него. Ако има такви факти кои повлекуваат и кривична одговорност за тоа ќе се грижат оние кои се надлежни за тоа, обвинителство и други.“

Досега се поднесени две кривични пријави од пратеникот од СДСМ, јани Макрадули против лидерот ан ДПА Мендух тачи и тоа за напад во група и за загрозување на сигурноста. Најава за кривична пријава против Тачи имаше и од пратеничката на ДУИ Теута Арифи.
За време на седниците на комисијата ке бидат сослушувани учесниците во инцидентот како и сведоците, ке бидат повикани Абдулади Вејсели од ПДП, Садула Дураку од ДУИ и други.
Членовите на анкетната комисија очекуваат дека на крајот од работта да се дојде до извештај во кој прецизно ке се утврдат фактите од што ке може учесниците да бидат повикани на одговорност. И мегународните претставници, генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Схефер, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и комесарот за проширување Оли Рен минатата недела посочија дека е неопходно оваа комисија да ги утврди фактите по што ке следат активностите во насока на повикување на одговорност политичка или кривична на вклучените во инцидентот.
Седниците на комисијата ке бидат затворени за јавноста, вели Андов и додава

„Едноставно, се плашиме, сите што треба да зборуваат, ако директно зборуваат и за јавноста ќе бидат стегнати малку и потешко веројатно ќе доаѓаме до вистински наоди.“

За подготовка на извештајот комисијата има рок од седум дена, за кој оттаму велат дека најверојатно ке биде доволен, но постои можност да се побара и продолжување на периодот за работа

„Не гледам пречка да не завршиме. Ако ни недостасуваат ден – два, тогаш ќе му се обратиме на Собранието да ни продолжат толку дена и тоа е. Само не верувам дека ќе треба,“

изјави Андов.
XS
SM
MD
LG