Достапни линкови

Москва: Рускиот претседател Владимир Путин полни 55 години


Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 55години. Тој вчера најави дека роденденот ќе го прослави со забава во Кремљ. Вообичаено не организирам роденденски забави, но имајќи предвид дека мојот претседателски мандат истекува, мислев дека е добор на забавата да ги повикам постојаните членови на мојот совет за безбедност и највисокиот воен врв, вклучувајќи ги и командантите на војската, изјави вчера Путин. Вообичаено досега Путин ги прославуваше своите родендени во кругот на семејството и најблиските пријатели во родниот Санкт Петербург.
XS
SM
MD
LG