Достапни линкови

Мјанмар: Намален бројот на трупите во Мјанмар


Воената хунта во Мјанмар го намали бројот на трупите што патролираа низ улиците на Јангон. Според последните податоци, во градот денеска е мирно, но апсењето на активисти за човечките права продолжува. Досега 78 активисти беа приведени. Дисидентските групи и владите на другите земји соопштија дека повеќе од 6000 лица беа затворени од почетокот на продемократските протести во Мјанмар. Демонстрации против воените мерки за задушување на овие протести вчера се одржаа и во Лондон, Сиднеј, Стокхолм, Париз и во други светски метрополи.
XS
SM
MD
LG