Достапни линкови

Будимпешта: Нема волшебно стапче за решавање на проблемот на Косово


Помошникот на генералниот секретар на НАТО Патрик Ардуан синоќа во Будимпешта изјави дека „никој не измислил волшебно стапче што ќе го реши проблемот на Косово“, но дека силите на КФОР ќе останат во покраината додека е тоа потребно. Нема да дозволиме да се врати насилството во покраината. Ќе го поздравиме секој договор меѓу Белград и Приштина со преговарачката тројка, но нема да поддржиме решенија што не се во согласност со демократските вредности, рече Ардуан на расправата за безбедноста на Западен Балкан што се одржува во Унгарија во рамки на манифестацијата Викенд на НАТО партнерството.
XS
SM
MD
LG