Достапни линкови

Случувањата во и околу парламентот влијаат на капацитетот за справување со кризи, сметаат експертите


Физичките пресметки во собранието и другите настани кои произлегоа како последица од нив, како и постојаната тензија меѓу опозицијата и власта негативно влијаат врз капацитетот на државата да се справи со евентуални кризи кои би произлегле од решавањето на статусот на Косово- оценуваат домашните аналитичари. Воените власти на Хрватска и Соединетите американски држави како што пренесоа хрватските медиуми веке процениле дека доколку дојде до конфликт тој би се прелеал во Македонија и Албанија. Според Владо Поповски советник на премиерот Груевски лошара внатрешно политичка клима ја прави државава многу по ранлива.

„Бидејќи многу полесно може да оптираат определени политички сили од Македонија или некои центри, да оптираат во однос на политичките цели на тој кризен центар, на пример или да се приврзат за центарот на кризи надвор од Република Македонија.“

Домашните настани додава Поповски го ослабуваат и капацитетот на институциите кои што би требало да се справат со евентуални безбедносни проблеми

„Прво, ја ослабуваат и ја прават многу фрагилна безбедносната ситуација. Второ, ги растресуваат релациите меѓу политичките институции. Создаваат дополнителна тензија меѓу институциите и неверување на граѓаните во институциите. Сето тоа, значи и на надворешен безбедносен план и на внатрешен во поглед на ефикасноста на институциите се нанесува штета.“

Директорот на институтот за политички и интеркултурни студии Ризван Сулејмани смета дека еден од факторите кои што негативно влијаат врз стабилноста ечестото споменување на есенски сценарија на албанската опозиција чија цел би била да не влеземе во НАТО алијаснта и да добиеме негативен извештај од ЕУ:

„Тоа кај Македонците би создала ситуација дека еве, можеме да опстоиме само ние, затоа што тие цело време не кочат на патот кон ЕУ и НАТО. А, нормално кај Албанците, зошто мора да бидеме со некој што цело време ќе не смета за дежурни виновници. Таа линија на поделба е крајно опасна.“

По изјавите на српскиот претседател Тадиќ дека кај нас има кампови во кои се очбучуваат албаснки екстермисти македонскиот шеф на државата оцени дека безбедноста состојба е стабилна.
XS
SM
MD
LG