Достапни линкови

Рејкјавик: Македонска делегација на парламентарното собрание на НАТО


Македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, денеска и утре ќе присуствува на есенската сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржува во Рејкјавик, Исланд. На сесијата ќе биде разгледан Извештајот на Парламентарното собрание на НАТО за подготовките и постигнувањата на земјите-членки на Јадранската група - Македонија, Хрватска и Албанија. Предвидено е Парламентарното собрание на НАТО да усвои и резолуција за поддршка на зачленувањето во Алијансата на трите „јадрански аспиранти“.
XS
SM
MD
LG