Достапни линкови

Но, останува проблемот со функционирањето на политички дијалог, сметаат експертите


Со изборот на сите членови на Судскиот совет, освен еден кој е предлог на претседателот Бранко Црвенковски формално-правно процедурата е завршена, но фундаменталните проблеми како што е обезбедуавањето политички дијалог мегу институциите на власта и опозицијата останува, оценуваат домашните критичари. Усвојувањето на РСС е прв чекор но, не ги решава прашањата на кои инсистира Брисел, вели политиколог Дане Талевски:

„Проблемите се решаваат, но има еден друг фундаментален проблем кој што ЕУ ни го срочува во терминот политички дијалог и меѓуетнички консензус и инстирањето на таа цврста страна на процесот и без вклучување на опозицијата може само да ги закочи понатамошните процеси бидејќи ја зголемува тензијата.“

Во Брисел е претседателот Црвенковски каде ќе му биде пренесено дека во нивни интерес е да има реформи, но дека најбитно е да има стабилност во земјата, очекува Талевски. Претседателот на РСС Бекир Исени се согласува дека она што не сме успеале да го сработиме во изминтите шесет месеци треба да се надомести со забрзана работа. Потребно е да се конкретизира Советот со уште еден член, а атмосферата во која помина начинот на избор не е во интерес на решавање на проблемот, коментира претседателот Исени:

„Не се решава затоа што има предолги расправи, меѓусебни обвинувања. Не е од интерес да се занимаваме со работа на законодавното тело туку со нашата работа. Со нашата работа штом ке дојдат уште четворица членови, чекаме и другиот член да биде избран, и ние ке можеме да работиме.“

А, по изборот на РСС следат други обврски како што е усвојувањето на систематски закони меѓу кои за Јавно Обвинителство за кој е потребно дво- третинско мнозинство. Од друга страна Собранието преку Анкетната комисија треба да ги расветли околностите во врска со инцидентите во и надвор од Парламентот, вели Талевски:

„Денеска и политичките партии дури и на лично ниво нивните односи се многу лоши, а не пак за една соработка мегу две политички партии. Добро е да има прогрес, но секогаш е најбитно да има стабилност во земјата која се обезбедува мегу функционална политичка соработка и почитување на моделот на меѓуетнички односи.“

вели Талески.
XS
SM
MD
LG