Достапни линкови

Техеран: Годишни демонстрации против Израел


Во Иран денеска се одржуваат годишните демонстрации против Израел. Последниот петок од рамазанскиот месец, во Иран е прогласен за ден на повик за ослободување на Ерусалим од израелската окупација. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат, во говорот што го пренесуваа иранските медиуми, изјави дека Иран и други држави ќе го продолжат отпорот се додека цела Палестина не биде ослободена од израелците. Ахамдинеџат повтори дека Техеран нема да преговара со големите сили за неговата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG