Достапни линкови

logo-print

Општините се правдаат, а поради урбанистичката мафија и натаму најоштетени граѓаните


Oпштина Кисела Вода тврди дека уште пред речиси една година поднела пријава до Јавното обвинителство за сомнителноста на случајот со зградта „ГИА Инжинеринг“ најновиот скандал кој повторно по првичниот елан со кој започна борбата против урбанистичката мафија го актуелизираше овој проблем во градежништвото. Со пријавата што ја поднеле за ГИА Инженеринг до Обвинителство, велат од општина Кисела Вода, нашата работа во делот на урбанистичката мафија е завршена. Оттаму велат дека не смееле да објават јавно во медиумите туку поединечно ги информирале граѓаните за сомнителноста на градбата:

„Ние уште 11 месец минатата година имаме кривична пријава против ГИА Инженеринг дадена во Јавното обвинителство, во интерес на истрагата полицијата ни рече да ни ги објавуваме во весник. Значи, општината Кисела Вода својот дел во борбата против урбанистичката мафија си го заврши. Секој граѓанин што дошол во оштина Кисела Вода е информиран.“

Вели Чупоски. Во периодот на истрагата додека се процесуирал предметот оние граѓани кои што не се обратиле поединечно во општината Кисела Вода биле измамени. Како може да се заштитат во меѓувреме граѓаните додека трае истрагата во Јавното обвинителство адвокатот Лорија Ваневска вели, многу малку бидејќи проблемот со урбанистичката мафија е навлезена во огромни лавиринти со пропусти во законската регулатива:

„Колку што знам општината се изјасни дека наводно забраниле градба итн. Ако ја забраниле градбата зошто градел повторно, зошто не презеле нешто друго? тие имаат право по закон да рушат, да се врати во првобитна состојба итн.“

Вели Ваневска. Но, портпаролот на општината Кисела Вода Тони Чупоски тврди дека понатаму околу целосното уривање на градбата неможеле да преземат нешто повеќе:

„Тој нема добиено дозвола од општина Кисела Вода бидејќи ги немаше платено комуналиите во градот и ние таму два пати интервениравме, градеше поткровје два пати рушевме.“

Освен општината Кисела Вода и општината Центар беше една од посочуваните општини со проблемот на урбаната мафија. Оттаму велат дека првичните акции за борбата против урбанистичката мафија дала резултати и кај нив засега не е регистриран друг сомнителен случај:

„Градежната инспекција ги контролира ново градбите такви случувања нема, затоа што веднаш се опоменуваат или пак се руши директна интервенција.“

Изјавува портпаролот на општина Центар Лидија Неделковска. Како понатаму ќе реагира во борбата против урбанистичката мафија и покрај тоа што навремено побаравме од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор.
XS
SM
MD
LG